Кумановец починал на работно место во Скопје

04.02.2020 17:31 | KumanovoNews

 Жител на  Куманово, вработен во скопска фирма починал на работното место.

Кумановец починал на работно место во Скопје

Вчера во 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во фирма на ул.„Перо Наков“ во Скопје на А.С.(53) од Куманово, вработен во фирмата, му се слошило и паднал во бессознание. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk