Кумановец поседувал марихуана и одгледувал канабис во саксија

30.08.2018 14:04 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријавапротив М.П.(36) од Куманово, за сторени кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.

Кумановец поседувал марихуана и одгледувал канабис во саксија

На 28 август во Куманово од страна на полициски службеници при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени и одземени 410,83 грама  марихуана, саксија со растение кое припаѓа на растителниот род Cannabis, дробилка со остатоци од растението Cannabis, луле со остатоци од мешавина на тутун и Cannabis и дигитална вага, додека при преглед на патничко возило „Цитроен Ксара“ кое било паркирано пред неговиот дом била пронајдена и одземена ловечка пушка марка „ТОЗ“ калибар 16 мм.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk