Кумановец повреден при судир на форд и ауди

06.08.2014 13:25 | KumanovoNews

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што утринава се случи на раскрсницата на булеварот „Октомвриска Револуција„ и улицата „Григор Прличев„, кај спортската сала Куманово.

Кумановец повреден при судир на форд и ауди

Сообраќајката се случила во 02.40 часот по полноќ, кога патничко возило „Форд екскорт„ со кој управувал Б.И.(21) од Куманово, додека се движел од периферијата кон центарот на градот, на раскрсницата свртел лево и се судрил со ауди, кој го возел Е.Е.(24) од Лојане.

Повредениот Б.И. е пренесен во кумановската болница каде му е укажана лекарска помош. Другиот возач поминал без повреди. Извршен е увид на местото на насреќата и ќе се утврдуваат причините за сообраќајката.

                                                                  (фото-архива)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk