Кумановец повреден во сообраќајка на регионалниот пат во Челопек

26.07.2022 16:16 | Жаклина Цветковска

Едно лице е повредено во сообраќајна незгода на регионалниот пат Старо Нагоричане – Граничен премин „Пелинце“, во атарот на селото Челопек, општина Старо Нагоричане.

Кумановец повреден во сообраќајка на регионалниот пат во Челопек

Сообраќајката се случила вчера попладне во 16.45 часот, помеѓу патничко возило „бмв“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.П. (50) од Куманово и патничко возило „рено“, со српски национални ознаки, управувано од Д.И.(53) од Србија, информира МВР.

Во несреќата, Г.П. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk