Кумановец повреден во судир на полициска шкода и поло

13.12.2018 15:58 | KumanovoNews

 Едно лице е повредено по судир на на полициска шкода и поло на крстосницата од улица  „11 Октомври“ и „Димитрие Туцовиќ“.

Кумановец повреден во судир на полициска шкода и поло

Сообраќајката се случила вчера околу 19,30 часот во Куманово,  помеѓу патничко моторно возило „Шкода јети“, сопственост на МВР, а управувано од А.А.(38) од Куманово и  патничко моторно возило „Фолксваген поло“, управувано од Л.Б.(46) од Куманово.

При тоа Л.Б. се здобил со повреди и му била укажана лекарска помош во Општата болница Куманово. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk