Кумановец позитивен на ковид-19 побегнал од болницата „8 Септември“

07.10.2020 10:53 | KumanovoNews

Пациент од Куманово кој бил хоспитализиран во Градската општа болница „8 Септември“ синоќа побегнал од болницата.

Кумановец позитивен на ковид-19 побегнал од болницата „8 Септември“

Се работи за Б.И.  бездомник кој бил најден во лоша здравствена состојба и кој после тестот кој бил позитивен, бил примен во болница.

- На 06.10.2020 во 21.30 часот од ГОБ „8 Септември" било пријавено дека од Ковид центарот избегал пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 02.00 часот и вратено во болницата, потврди МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk