Кумановец прегазен од трактор во село Канарево

05.11.2020 10:53 | KumanovoNews

 Т.М.(72) од Куманово, вчера во 14.30 часот при изведување на земјоделски работи во селото Канарево, бил прегазен од тракторо.

Кумановец прегазен од трактор во село Канарево

Несреќата се случила додека старецот ги откачувал плуговите од него. Од задобиените повреди починал на местото на незгодата.

Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk