Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Д.М.(54) од Куманово, управувајќи работна машина- грејдер, при изведување градежни работи, го прегазил Т.Ф.(58) од с.Ранковце.
Од здобиените повреди (фрактура на череп), Т.Ф. починал на самото место.
Несреќата се случила вчера во 11.50 часот на автопатот во изградба Штип – Миладиновци - Скопје, на 7,5 км од клучката Штип, додека возачот на машината се враќал наназад.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, трудов инспектор и екипа од СВР Штип.
По наредба на Јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе се врши обдукција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk