Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
М.Д.(31) од Куманово и Х.Д. (22) од Прилеп, заработија кривични пријави под сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Во саботата во 01.30 часот на клучка - Демир Капија, полициски службеници забележале две патнички возила - „Пежо 206“ управувано од Х.Д. во кое се пронајдени четири илегални мигранти од Ирак и „Сеат Толедо“, управувано од М.Д. од Куманово кој избегал, а во кое се пронајдени пет илегални мигранти од Ирак. Мигранти се сместени во прифатниот центар за странци, а од страна на судија на претходна постапка на Х.Д. му е одредена марка домашен притвор.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk