Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесет и седумгодишен кумановец пријавил во полицијата дека е измамен од И.М. (47) од Скопје, со живеалиште во Струмица, за сума од 65 милиони денари.
И.М, кој предходно бил осуден и одлежал 6 месеци затвор, додека бил во бекство успеал да го измами кумановецот. Два дена пред да биде пријавен за новата измама тој бил уапсен.
„Пријавениот, на 16. април во 15.30 часот бил лишен од слобода од полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово, бидејќи бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од 2 години и 6 месеци, а бил осуден на 3 години затвор за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Тој e спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.
По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk