Кумановец признал кражба на златен накит откако бил приведен

24.08.2023 10:04 | Жаклина Цветковска

С.Р.(27) од Куманово бил приведен вчера од полицијата поради сомнение за кражба на златен накит во месец август.

Кумановец  признал кражба на златен накит откако бил приведен

Накитот бил одземен од приватен имот на ул.„Тане Георгиевски“ во Куманово.

С.Р. бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото.Одземеното било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk