Кумановец прободен со нож во кафуле

17.01.2019 15:24 | KumanovoNews

Кумановец е прободен со нож во стомакот во тепачка во кафуле во Куманово.

Кумановец прободен со нож во кафуле

Инцидентот се случил вчера околу 21.00 часот во кафе бар на улица „Трета МУБ“ во Куманово, кога по расправија, А.А.(32) и Ш.Ј.(20), двајцата од Куманово, физички го нападнале Б.И.(32) од Куманово.

Според пријавеното, тие со предмети го удирале Б.И., а во еден момент Б.И. извадил нож и го прободел А.А. во пределот на стомакот. А.А. бил пренесен во болницата во Куманово, а во болница бил пренесен и Б.И. кој се здобил со тешки телесни повреди.

СВР Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот, по што против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk