Кумановец пронајден починат во објект во изградба

21.09.2022 20:43 | Сузана Николиќ

Синоќа во 23.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општа болница Куманово бил донесен починат Н.Р.(81) од Куманово.

Кумановец пронајден починат во објект во изградба

Според пријавеното, истиот ден околу 12.00 часот тој излегол од домот, а потоа бил пронајден од членови на семејството во безсознание во објект во изградба на ул.„Пробиштипска", по што бил однесен во болницата каде што лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk