Кумановец пронајден со прострелна рана во главата во Ресен

05.11.2017 21:40 | KumanovoNews

На патниот правец Ресен-Битола, на паркинг во близина на техничкиот преглед на излез од градот, вчера во 7 часот, во сопственото возило „Поло“ починат бил пронајден М.П.(34)  со прострелна рана во пределот на главата.

Кумановец пронајден со прострелна рана во главата во Ресен

„Во внатрешноста на возилото пронајден бил пиштол марка „ХС“ калибар 9мм и најверојатно станува збор за самоубиство“, - соопштуваат од МВР.

Смртта е констатирана од итна медицинска помош и увид е извршен од екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

М.П. е од Куманово, а пред две години се преселил со семејството во Ресен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk