Кумановец пукал на семејна веселба и повредил сограѓанин

12.11.2023 20:34 | KumanovoNews

Едно лице е повредено при пукање на семејна веселба во Куманово. Несреќата се случила вчера во 17.15 часот во кумановското село Черкези, а сторителот е приведен.

Кумановец пукал на семејна веселба и повредил сограѓанин

„Од полициски службеници од СВР Куманово е лишен од слобода Е.Г.(29) од Куманово и од него е одземен пиштол, затоа што, според пријавеното на семејна веселба на 11.11.2023 во с. Черкези, кумановско од пиштол испукал неколку куршуми, при што го повредил Е.М.(25) од Куманово“, соопшти МВР. 

За настанот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk