Кумановец се претставил како полицаец кога го фатиле дека краде во време на полициски час

22.07.2020 16:52 | KumanovoNews

 Жител на Куманово во два случаи се претставувал како полицаец додека шетал по бензински пумпи и се обидел да краде.

Кумановец се претставил како полицаец кога го фатиле дека краде во време на полициски час

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Ј.(35) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела лажно претставување и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Пријавениот, на 30.03.2020 околу 21.00 часот, за време на забрана на движење од 21.00 до 05.00 часот на територија на  Македонија, во два наврата бил на бензинска пумпа во Куманово, каде зел неколку предмети во обид да ги украде. Тој бил забележан од вработените, но по нивна реакција при излегување лажно се претставил како полициски службеник.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk