Кумановец се претставил како сопственик на градежна фирма, па измамил липковец за 400 евра

28.02.2023 21:33 | KumanovoNews

Кумановската полиција  поднесе кривична пријава против 42-годишен жител на Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,измама” и „кражба”. 

Кумановец се претставил како сопственик на градежна фирма,  па измамил липковец за 400 евра

Пријавениот, на 31.01.2023 со прикажување лажни факти дека има градежна фирма, се договорил со лице од с.Липково да му изгради куќа за 30.000 евра, по што му побарал 400 евра како преддоговор. 

Тие направиле и договор кај нотар, а откако нотарот го известил оштетениот дека наводниот градежник е измамник, тој си ги побарал парите, но пријавениот не му ги вратил. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk