Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Скопската полиција поднесе две кривични пријави против С.Ч. (43) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела лажно претставување и напад на службено лице при вршење работи од безбедноста.
Како што информираат од МВР пријавениот на 14 октомври 2016 година околу 22.20 часот на ул.„Јужен Булевар“, управувајќи автомобил опел корса, сопрел тројца полициски службеници кои биле на извршувале службени задачи. Пријавениот дошол до нивното службено возило и почнал да им се обраќа со висок тон. Откако полициските службеници побарале да се легитимира, пријавениот се качил во возилото и побегнал.
Околу 22.45 часот истиот ден, по преземени мерки од страна на полициските службеници, опел корсата била забележана на паркинг на ул. „Огњен Прица“, а по кратко време го забележале пријавениот кој со пиштол им се заканил. Еден од полициските службеници се легитимирал и по неколкуминутното убедување со пријавениот го убедил да го спушти пиштолот, кој му бил одземен веднаш.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk