Кумановец скокнал од камион за да се спаси, се здобил со тешки повреди

15.11.2019 11:01 | KumanovoNews

 Г.Л.(43) од Куманово е тешко повреден вчера околу 14 часот, откако изгубил конторла на возилото и скокнал од него за да се спаси. Повредениот бил пренесе во болницата во Крива Паланка, каде му е пружена лекарска помош.

Кумановец скокнал од камион за да се спаси, се здобил со тешки повреди

 Според  МВР, несреќата се случила на патот во изградба с.Т’лминци – с.Градец, кај место викано „Крстата падина’’, Г.Л. изгубил контрола над товарното моторно возило „Ман“, со скопски регистарски ознаки, при што скокнал од возилото и се здобил со тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk