Кумановец со „БМВ“ учествувал во сообраќајка во близина на Штип

30.05.2017 12:12 | KumanovoNews

Кумановец со своето возило „БМВ“ учествувал во сообраќајка во близина на Штип, а со сериозни повреди се здобил неговиот сопатник

Кумановец со „БМВ“ учествувал во сообраќајка во близина на Штип

На патот Штип-село Кадрифаково синоќа околу 23 часот,  се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц. од Штип, ПМВ „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.С. од Куманово и ПМВ „Ауди“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ј.В. од с.Чифлик, општина Чешиново-Облешево.

По незгодата возачите на возилата и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница Штип, од каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. По излегување од болницата,  на сопатникот од  ПМВ „БМВ“-В.И. од Велес му се слошило, по што истиот е вратен во болница, констатирана му е повреда опасна по живот и бил задржан на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk