Кумановец со чекан сакал да се пресмета со семејство во Свети Николе

14.02.2017 09:21 | KumanovoNews

 Полицијата поднесе кривична пријава против Р.И. (51) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неизвршување на судска одлука.

Кумановец со чекан сакал да се пресмета со семејство во Свети Николе

На 28 јануари околу 20 часот, кумановецот отишол во дворот на С.Т. на ул. Септемвриска во Свети Николе и со чекан во рацете упатувал навреди и закани кон Љ.Т., татко на С.Т.  

Влегол внатре и покрај тоа што со решение од Основен суд Свети Николе му е забрането да се заканува, да ја вознемирува и да и се приближува на растојание помалку од 100 метри од нејзиното живеалиште.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk