Кумановец со закана од пиштол одзел пари на сограѓанка, тврдел дека нејзиниот сопруг му ги должи

15.12.2023 13:42 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од СВР Куманово утринава во 5.45 часот лишиле од слобода 40-годишен кумановец. 

Кумановец со закана од пиштол одзел пари на сограѓанка, тврдел дека нејзиниот сопруг му ги должи

Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во куќа во населбата Карпош во Куманово, и со закана со огнено оружје кон 41-годишна сопственичката одзел пари поради наводен долг на нејзиниот сопруг кон него. 

„Кај него биле пронајдени ловечка пушка, пиштол, нож и одземените пари. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти Кумановската полиција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk