Кумановец шверцувал мигранти, фатен на Петровец

23.07.2018 13:08 | KumanovoNews

Вчера на патниот правец Велес - Скопје пред патарина „Петровец" полицијата сопре возило „рено" со велешки регистерски таблици управувано од Ф.З. (25) од Куманово.

Кумановец шверцувал мигранти, фатен на Петровец

Во возилото имало 13 мигранти, меѓу кои три малолетни лица, сите од Авганистан. Ф.З. е задржан во полициска станица и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk