Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец e лишен од слобода поради кријумчарење на мигранти, кои вчера биле пронајдени во возилото што го управувал, кај наплатната станица Демир Капија.
Станува збор за Ф.А.(50) од Куманово, кој управувал патничко возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки.
Од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ во возилото биле пронајдени седум лица - мигранти од Куба.
Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk