Кумановец уапсен на граница, се барал за издржување на затворска казна

22.01.2019 10:17 | KumanovoNews

  Кумановец  е уапсен на граничниот премин Табановце, бидејќи се барал за издржување на затворска казна.

Кумановец уапсен на граница, се барал за издржување на затворска казна

Ноќеска во 1.50 часот, за влез во Р.Македонија се пријавил С.С.(32) од Куманово и при пасошка контрола е констатирано дека истиот се бара за издржување казна затвор во траење од една година, за сторено кривично дело "тешка кражба" по член 236 став 1, а во врска со член 22 од КЗ.

Лицето е приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово, со цел спроведување до КПУ-Затвор Идризово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk