Кумановец уапсен на скопскиот аеродром

30.05.2016 12:01 | KumanovoNews

Кумановец баран по потерница вчера е уапсен на аеродром „Александар Велики“-Скопје.

Кумановец уапсен на скопскиот аеродром

Љ.М. (19) од Куманово се барал заради издржување на затворска казна. По извршена проверка, лицето е лишено од слобода и во 18.00 часот е предадено на полициски службеници за спровод во КПУ-Затвор Охрид.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk