Кумановец удрил велосипедист во Скопје

11.03.2016 12:22 | KumanovoNews

Велосипедист е повреден во сообраќајна несреќа во Скопје при судир на возило со кое управувал  кумановец.

Кумановец удрил велосипедист во Скопје

Сообраќајката се случила синоќа во 20.15 часот, на крстосница од бул. „Никола Карев“ и ул. „Прохор Пчински“, кога се судриле “Фолксваген Голф“ со кумановски регистерски ознаки управувано од И.И.(52) од Куманово и велосипед управуван од Ф.Р. од Скопје. Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk