Кумановец украл голф, го возел една недела и го оставил на улица

28.02.2017 14:42 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Д.(21) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело одземање моторно возило.

Кумановец украл голф, го возел една недела и го оставил на улица

Пријавениот на 23. јануари годинава околу 14.40 часот на бул. „Трета МУБ“ украл „Голф“  сопственост на М.С.. Со подесен клуч го стартувал и го возел една недела, по што го оставил на ул.„Вараждинска“, каде од страна на полициски службеници возилот било пронајдено и вратено на оштетениот.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk