Кумановец украл ташна со пари од автомобил, полицијата го привела

19.10.2023 10:05 | KumanovoNews

Триесет и петгодишен жител на Куманово е приведен откако украл чанта со пари и други предмети од автомобил.

Кумановец украл ташна со пари од автомобил, полицијата го привела

„Вчера во 10.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Г.Н.(35) од Куманово. Тој се сомничи дека на 15.10.2023 од возило сопственост на Б.С. од Куманово одзел чанта со пари и други предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против Г.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk