Кумановец возел со 3,02 промили алкохол во крвта

10.04.2023 12:15 | KumanovoNews

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Куманово спроведоа редовна акциска контрола за откривање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи.  Кај еден возач биле измерени 3,02 промили алкохол, а уште 13 возеле под дејство на алкохол. 

Кумановец возел со 3,02 промили алкохол во крвта

„На подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 121 возачи, од кои 97 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 14 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, при што алкотестот кај еден возач покажал 3,02 промили алкохол, 7 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило“, соопштува полицијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk