Кумановец возел со 4.86 промили алкохол

24.07.2023 15:14 | Сузана Николиќ

Кумановската полиција запрела возач кој управувал автомобил со 4.86 промили алкохол.

Кумановец возел со 4.86 промили алкохол

Тој е само еден од вкупно 166 возачи, кои  во текот на изминатиот викенд, биле  санкционирани затоа што не ги почитуваат сообраќајните прописи на подрачјето на Куманово.

 „Санкционирани се вкупно 166 возачи, од кои 94 управувале возило со брзина поголема од пропишаната, 39 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 15 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило и 15 мотоциклисти за неносење заштитен шлем. Санкциониран е и едeн возaч поради возење под дејство на алкохол, односно по алкотестирање му биле измерени 4.86 промили“, соопшти МВР.

Дозволено количество алкохол во крвта за возачи на моторни возила е 0.5, комерцијални возачи и возачи почетници 0.09 промили, што е рамно на нула.

Управувањето на моторно возило под дејство на алкохол е една од водечките причини за предизвикување на сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk