Кумановец вршел меѓународен превоз на патници без соодветна документација

10.02.2022 12:52 | Сузана Николиќ

Полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце и од Одделението за прекуграничен криминал Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север, откриле  четири патнички возила и еден автобус додека вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација. 

Кумановец вршел меѓународен превоз на патници без соодветна документација

При контрола на возилата „мерцедес“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.А.(38) од Струмица, „мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од С.К.(32) од Република Бугарија, „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(42) од Куманово и „сеат алхамбра“, со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Т.(28) од Струмица, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. 

Исто така, при контрола во автобус, со гостиварски регистарски ознаки, управуван од М.М.(42) од с.Горна Бањица, гостиварско, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација. 

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и возилата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk