Кумановец загина на патот Битола - Ресен, со мотор излетал од патот

09.09.2024 12:50 | KumanovoNews

Д.С.(40) од Куманово загина во сообраќајна несреќа  на патот Битола - Ресен.

Кумановец загина на патот Битола - Ресен, со мотор излетал од патот

„Несреќата се случила вчера во 16.30 часот, кога возачот управувајќи мотоцикл „кавасаки" со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола и излетал од патот“, соопшти МВР. 

Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk