Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
В.М.(53) од Куманово ноќеска загинал во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје -Велес, поточно на 2 км. по наплатна станица „Сопот“.
До сообраќајката дошло кога патнички автомобил марка „фиат линеа“ со скопски регистарски ознаки од непознати причини излетал од коловозот и слетало во провалија. Поради непристапност на теренот припадници на Единицата за специјални задачи при МВР го извлекле телото на загинатото лице и по наредба на надлежен обвинител истото ќе биде пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Увид на местото на настанот извршиле надлежен јавен обвинител и екипа од СВР Велес.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk