Кумановец загина во сообраќајка на клучката во „Петровец“

09.11.2019 09:40 | KumanovoNews

Возач на автомобил загинал во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово – Велес, кај клучката „Петровец“.

Кумановец загина во сообраќајка на клучката во „Петровец“

Несреќата се случила вчера во 14.30 часот , кога Д.Б.(36) од Куманово, управувајќи патничко возило „опел корса“, со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола на возилото и излетал од патот.

Д.Б. починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје, а телото на починатиот било предадено на обдукција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk