Кумановец запалил викендица во Узем

08.05.2014 11:22 | KumanovoNews

Г.Т.(42) од Куманово предизвикал пожар во кој изгорела викендица и помошна просторија на неговиот сосед во кривопаланечкото село Узем.

Кумановец запалил викендица во Узем

Пожарот се случил во август, лани во место викано “Бачевица“, во атарот на селото Узем при што изгорела викендица на лице од Скопје.

Полициска станица Крива Паланка против Г.Т. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело предизвикување општа опасност.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk