Кумановец заработи кривична за убиство во обид

02.11.2016 13:34 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против А.Д. (36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.

Кумановец заработи кривична за убиство во обид

На 06.08.2016 година околу 02.15 часот пријавениот во ресторан во с. Ваксинце, по претходна вербална расправија со Н.А.(31) од Куманово, физички го нападнал по што истиот успеал да се оттргне. Откако излегле надвор пријавениот од огнено оружје испукал еден куршум во правец кон Н.А., кој не го погодил. Од преземени мерки било утврдено дека пријавениот е во бегсто, а по него е распишан централен распис за лице.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk