Кумановецот што исчезна пред два месеци пронајден мртов во Пчиња

13.02.2017 19:45 | KumanovoNews

Драган Цветковски (59) Куманово, кој речиси два месеци се води како исчезнат, попладнево е пронајден мртов во водите на реката Пчиња во селото Студена Бара.

Кумановецот што исчезна пред два месеци пронајден мртов во Пчиња

Безживотното тело на несреќниот човек закачено на гранка во водата го нашол случаен минувач околу 15 часот  и пријавил во полиција. Синот на Цветковски потврди дека татко му е пронајден мртов, а тој го идентификувал телото.

„Слушнав од некои луѓе дека е пронајдено безживотно тело и сам отидов во Студена Бара. Го препознав по чевелот на едната нога уште додека го вадеа. Друга облека немаше на него, незнам како завршил таму. Знаевме дека нешто лошо се случило чим не го најдовме првите неколку дена, - ни изјави кратко во телефонски разговор Оливер.

На Цветковски му се губи секаква трага од 19 декември минатата година, откако излегол од неговиот дом во населбата „Гоце Делчев„ и повеќе не се вратил. Имал здравствени проблеми, но и порано шетал во околината. Кобниот ден за последен пат бил виден на кејот на реката Кумановка. Дали заталкал или самиот заминал таму никој незнае. Како завршил во реката и дали има траги на насилство ќе покаже истрагата.

Од Основното јавно обвинителство Куманово рекоа дека телото на починатиот е предадено на обдукција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk