Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
M.З. (60) од Куманово сам се пријавил во кумановската полиција и признал дека тој ги испишал графитите на спомен плочата на Јосип Броз Тито поставена на градскиот плоштад во Куманово.
Во соопштението на СВР Куманово се наведува дека лицето се пријавило самоиницијативно, вчера, во 12 часот во полициската станица во Куманово.
По целосното расчистување на случајот против него ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка по член 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.
М.З. изјавил дека споменикот го ишкртал и ги испишал погрдните графити затоа што чувствувал душевна болка во изминатите години од владеењето на комунистите. Тој спомен плочата прво ја ишарал со спреј, а потоа ја премачкал со црна боја.
Тој побара споменикот да се тргне од градскиот плоштад бидејќи е негативен историски лик за Куманово и Македонија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk