„Кумановка“: Економското насилство е најраспространето

01.12.2014 15:36 | KumanovoNews

 Од организацијата на жени “Кумановка“, велат дека е зголемено насилството врз жените, а тоа го поткрепуваат со фактот дека годинава се регистрирани 43 нови случаи на семејно насилство.

„Кумановка“: Економското насилство е најраспространето

Жртвите се од различни возрасни групи, а најчесто ги малтретираат сопрузите и децата поради алкохолизам, лоша економска состојба и други причини.

“Најчесто е економското насилство. Ако нема пари во куќата, нема средства, сиромаштија и насилство колку сакаш. На ова поднебје, јас сум во општина Куманово 43 години, но вакво нешто навистина немам забележано. Дали поради оваа скапотија, не можат луѓето да опстанат и затоа има насилство. Има и помлади и повозрасни жени кои се жалат на насилство“ - вели Виолета Петровска, претседател на “Кумановка“.

Претставнички на „Кумановка“ денеска организираа дебата со ученици од “Наце Буѓони“ и “Киро Бурназ“, на која говореа за насилството во нивната околина, во училиштето, како да се справат со него и каде да се обратат. На дебатата учениците погледнаа краток едукативен филм.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk