Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Повозрасна жена од кумановско село пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2300 евра.
Според пријавеното, во текот на февруари 2021 година лицето и се јавило и ѝ понудило да и помогне, односно дека може да издејствува да се укине пресудата за нејзинот син, кој бил на задолжително лекување во Психијатриска болница во Скопје.
Откако се договориле, пријавителката од февруари до април во неколку наврати ги предала парите на лицето, по што веќе не можела да стапи во контакт со него 67-годишната жена се посомневала дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk