Кумановка измамила паланчанец да и купи камион

04.01.2016 12:55 | KumanovoNews

М.А.(40) од Куманово измамила паланчанец, ветувајќи му дека ќе купи камион, ќе го регистрира на нејзина фирма во Бугарија и ќе вршат транспорт во ЕУ.

Кумановка измамила паланчанец да и купи камион

Таа со лажно ветување го довела во заблуда Р.Н.(43) од Крива Паланка, по што тој во неколку наврати и дал вкупно 35.800 евра. Со парите М.А. купила камион, но ниту го пренела на негово име, ниту му ги вратила парите.

Против неа е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело измама.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk