Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четириесет и шестгодишна кумановка вчера извршила самоубиство, пукајќи си со пиштол во пределот на градите, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
Во полицијата вчера попладне од Итната медицинска помош пријавиле дека во куќа на ул.„Романија“ во Куманово е пронајдена Т.Ш. со прострелна рана во пределот на градите.
По извршениот увид било констатирано дека во временскиот период од 08:30 до 17 часот, Т.Ш. (46) додека била сама во куќата, со пиштол испукала еден куршум во пределот на градите. Таа била пронајдена од нејзиниот сопруг.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk