Кумановка мамела скопјани дека ќе ги прати во Авганистан

23.05.2012 12:41 | KumanovoNews

Е.Д (27) од Куманово измамила пет лица од Скопје дека ќе им помогне да заминат на работа во Авганистан, при што им одзела 800 евра и 250 долари.

Кумановка мамела скопјани дека ќе ги прати во Авганистан

А.Д (30), Г.И (35), З.Л (28), К.Н (34) и уште едно лице, наседнале на празните ветувања на кумановката и ги дале парите и личните документи, верувајќи  дека ќе се сретнат со американски регрутер, кој ќе им обезбеди сигурна работа во американските бази.

Измамничката ги собрала парите и ја снемало.

Откако не исполнила ништо од ветеното и станала недостапна на телефон, несудените „авганистанци„ увиделе дека се измамени и ја пријавиле во полиција.

По предходен договор, кандидатите требало откако ќе заминат на работа во Авганистан да и исплатат уште по 3000 долари од првата плата.

Таа е уапсена под сомнение дека извршила кривично дело измама во пет наврати. Посредничката е познат сторител на кражби.

Пред неколку месеци неколку кумановци открија дека се измамени од кумановец и девојка од Скопје, кои порано работеле во Авганистан. Тие за 600 долари им ветиле вработување, а откако ги излажале не сакале да им ги врата парите.

Измамените неможат да побараат помош од полицијата, бидејќи немаат доказ дека ги дале парите.     

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk