Кумановка меѓу најдобрите на државна матура по македонски јазик

25.08.2017 09:24 | KumanovoNews

Ива Николовска од кумановската гимназија „Гоце Делчев“ е една од трите ученички, кои постигнале најдобри резултати на државната матура по македонски јазик, според резултатите од Државниот испитен центар. 

Кумановка меѓу најдобрите на државна матура по македонски јазик

Ива вели дека ова признание ѝ носи лична сатисфакција, огромно задоволство за неа и за најблиските.

- Се докажа дека целиот труд е вреднуван, a oсобено со овој пласман дефинитивно се решени дилемите дека треба да се вложува во своето знаење. Пред сѐ би сакала да изразам голема благодарност за неизмерната поддршка и безбројните упатства од страна на родителите и професорите, - изјави Ива за порталот Факултети.мк.

Таа, има огромна желба да биде докторка, конкурирала на Медицинскиот факултет при УКИМ и е во исчекување на резултатите.

 Покрај Ина, на листата со најдобрите на македонски наставен јазик се двете соученички Маја Митреска и Мартина Петровска од средното училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид.

                                                                            (фото. ФБ)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk