Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Гимназијалката Матеа Познановиќ ќе ja претставува Македонија на четвртото европско HIPPO првенство по англиски јазик, кое викендов ќе се одржи во Венеција, Италија.
Матеа е ученичка во прва година во Гимназијата „Гоце Делчев“ и во конкуренција на 3000 ученици во нејзината 4-та категорија, успеала да освои прво место на државно ниво.
Бев многу изненадена, но и среќна кога дознав за наградата, па сега со голем напор се подготвувам за финалниот натпревар со желба да освојам некоја од повисоките награди. Имам освојувано и други награди по англиски јазик и по други предмети, но ваквата меѓународна награда би била голем успех за мене“, - вели Матеа.
Матеја во Венеција ќе замине со професорката по англиски јазик, Силва Митовска и со останатите ученици од Македонија, кои се пласирале во друго категории во финалето.
Од сите учесници во мојата група изберени се 30 најдобри со кои ќе се натпреварувам. Уште не се знае кои се главните награди, но јас се надевам дека ќе успеам да освојам една од нив, - сигурна е Матеа.
На HIPPO натпреварувањето ќе се соберат ученици од 9 европски земји. И посакуваме многу успех на Матеа и да се врати со награда од Венеција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk