“Кумановка“ номинирана за Нобелова награда за мир

04.12.2014 15:54 | KumanovoNews

Организацијата на жени “Кумановка“ е номинирана во Организација на обединети нации за добивање на Нобелова награда за мир.

“Кумановка“ номинирана за Нобелова награда за мир

“Кумановка“ ја номинирале претставници на невладин сектор од Хрватска, кои сметаат дека организацијата за сите овие години придонела за мир и соживот кај нас.

„Од 2001 година работиме на меѓуетничкиот дијалог во нашата општина. Прво конфликтот кој настапи во самата општина, работевме многу со раселените лица, работевме на враќање на мирот и довербата во самата општина. Кумановско - липковскиот беше кризен регион. Работиме до ден денес и сакаме да воспоставиме механизам. Бев изненадена многу од номинацијата“ - кажа Виолета Петровска, претседател на “Кумановка“.

Таа вели дека номинацијата за Нобелова награда за мир, е едно големо признание за нивната плодна работа во македонското општество.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk