Кумановка останала без пари и без огревни дрва

27.01.2022 13:15 | Сузана Николиќ

Kумановка била измамена за пет илјади денари за набавка на огревно дрво. Како што соопшти полицијата таа ги платила дрвата, но измамникот не ги донел дрвата.

Кумановка останала без пари и без огревни дрва

„Денеска во 10:30 часот во СВР Куманово 67-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 5.000 денари. Според пријавеното, откако лицето ѝ понудило огревно дрво и таа му ги платила парите, тоа заминало за наводно да ги донесе дрвата, но не се вратило“, соопшти СВР Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk