Кумановка освои награда на пивтијада во Руменка

16.02.2010 14:29 | KumanovoNews

 На Меѓународната пивтијада во Руменка,Војводина, Филимена Василевска од Куманово ја освои втората награда во натпреварот за подготовки на традиционалниот специјалитет-пивтија.

Кумановка освои награда на пивтијада во Руменка

  За учеството и постигнатите резултати, Василевска добила пехар, готварска облека и парична награда.Таа е задоволна од гостопримството и начинот на кој се организира целата манифестација.

-Задоволна сум со постигнатите резултати. Освоив второ место, бидејќи конкуренцијата беше многу јака.Победи професионален кувар од унгарија, сосема заслужено- вели Василевска.

Пивтијадата во Црвенка се организира по седми пат во периодот од 10 до 14 февруари, а годинава имало пријавено над 50 учесници.

Васливеска и мината година учествуваше на манифестацијата во Руменка, каде ја освои првата награда.Истотака има учествувано на бројни натпревари во Mакедонија и регионот и има постиганато одлични резултати со своите кулинарски вештини.



Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk