Кумановка победи на Пивтијада во Војводина

14.03.2011 13:33 | KumanovoNews

 Филимена Василевска од Куманово го освои првото место на Меѓународниот натпревар "Руменичка Пивтијада", која се одржува во Војводина, Р.Србија.

Кумановка победи на Пивтијада во Војводина

 Натпреварот го организира општината Руменка во соработка со Министертвото за земјоделство од Србија.

"Го освоив првото место во конкуренција од 56 натпреварувачи од десетина држави.На манифестацијата учествував и минатата година, а догодина ќе учествувам како гост"- вели Василевска.

Пивтијадата траела од први до 6 март, каде три дена траеле подготовките, а три дена бил оценуван нивниот квалитет. Во подготвувањето на зимскиот специјалитет, Василевска употребила свинско, мисиркино и телешко месо производи со македонско потекло и смета дека томку овој факт придонел за нејзината победа. Годинава нејзиното учество на меѓународниот фестивал го поддржа локалната власт.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk